ТЕРА

REKLAMA???

Партиски препукувања за управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Битола

Именувањето на членови во управните и надзорните одбори на јавните комунални претпријатија во Битола, на последната седница на Советот, предизвика дискусија меѓу советниците од мнозинството и опозицијата.  Советниците на Поинаку го критикуваа начинот на кој се избираат членовите во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Според нив, новите членови не биле избрани по компетентност.

„Избираме членови на управни и надзорни одбори со следните нормативи. Прво мора да има членска од ВМРО-ДПМНЕ. Второто прашање е дали редовно оделе по митинзи и мафтале со знамиња? Дали се во сродство со некој од челниците во партијата? Мора да си клат нивните луѓе за да ги аминуваат нивните тендери. Ако клат некој разбран човек, тогаш ништо од тие партиски вработувања. Така било и во ваше време, така е и во нивно време “ рече од говорницата Иван Чулакоски, советник на Поинаку.

Советниците на мнозинството истакнаа дека начинот на избор имал транспарентен пристап.

„Овој чекор колку и да го негираме, е јасен сигнал дека се движиме кон одговорно, отчетно и транспарентно управување. Овој процес пред јавноста значи дека му даваме можност на стручни, чесни и мотивирани граѓани, да се вклучат во управувањето со институциите коишто работат во интерес на сите нас. процедурите беа јасни, критериумите беа објавени. И секој имаше еднаква можност да аплицира. Јавните претпријатија се сервис на граѓаните. Затоа, е исклучително важно во нивните управни и надзорни одбори да учествуваат луѓе со интегритет, знаење и чувство за јавниот интерес“- истакна советникот на партијата ПОДЕМ Александар Цветановски.

Членовите на новите управни и надзорни одбори се исправени пред задачата, да помогнат во подобрувањето на финансиската состојба на јавните комунални претпријатија во градот.