ТЕРА

REKLAMA???

Пелагонци бараат заштита на овците од мечкини напади

Покрај проблемите со откупот, цените и субвенциите, сточарите од Пелагонија се соочуваат и со уште еден сериозен проблем нападите од мечки врз стадата со овци. Мечката е заштитено животно во македонија, па овчарите се снаоѓаат како знаат во справувањето со непосакуваниот гостин.

Жителите на селата Драгожда, Крклино и Драгарино бараат помош од сите надлежни во реашавање на најнеочекуваниот проблем во нивното производство-изложеноста на напади од мешка којато им ги јаде јагнињата и овците. Велат дека речиси секојдневно се изложени на опасност, а штетите врз стоката дополнително ја отежнуваат нивната работа.

Тие бараат институциите да преземат конкретни мерки, промена на законските решенија и поголема заштита на луѓето и нивниот имот. Или да се промени законот за ловоство или пак на земјоделците да не им се наплаќа за пашарина, затоа што нивните овци ја немаат слободата на пасење.

Предлогот претставува објаснување од теренот, дека  без системско решение, ризикот за нивните стада и понатаму ќе остане, а загубите ќе паѓаат само на нивен товар. Со законот за ловство во македонија кафеавата мечка е строго заштитен вид и за неа важи трајна забрана за лов. Убивањето на заштитен дивеч законот го смета за кривично дело и тој што ќе устрела или на друг начин убие строго заштитено животно како мечката, се соочува со високи парични но и затворска казна од една до 5 години.