ЗАЕДНИШТВО И СОЖИВОТ НА ДЕЛО – Во подпелистерските села Трново и Магарево истовремено ги уредувавме дворовите и на црквите и на џамијата, соопштија од Националниот парк Пелистер
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер во соработка со локалното население на 03.07.2026(петок) работеа на уредување на дворот на црквата Пресвета Богородица, основното чилиште и џамијата во Трново и манастирот Св.Ѓорѓи во Магарево. Станува збор за места кои се дел од богатото културно – историско наследство на регионот, знајни црковни споменици и места каде најчести посетители се жителите на поширокиот регион на Битола.
ЈУ Национален парк Пелистер континуирано работи на подобрување на соработката со локалното население и секогаш сме благодарни за поддршката од локалците во насока на зачувување на ова наше големо и непроценливо природно богатство.
Пелистер е нашиот симбол на обединување, велат од Националниот парк Пелистер.
ЗАЕДНИШТВО И СОЖИВОТ НА ДЕЛО ВО ТРНОВО И МАГАРЕВО















