Со свечена академија во Народниот театар Битола, Здружението на пензионери од Битола денеска го одбележа својот голем и значаен јубилеј – 80 години од постоењето. Овој настан собра бројни членови, претставници на локалната самоуправа, гости и соработници кои заеднички им оддадоа признание на генерациите кои го градеа градот под Пелистер.
Во своето обраќање, претседателката на Здружението на пензионери Битола истакна дека овој јубилеј не е само бројка, туку сведоштво за нераскинливата врска меѓу минатото, сегашноста и иднината на градот.
Осум децении активна работа, грижа за повозрасните сограѓани, дружење и општествена одговорност беа главниот мотив на богатата културно-уметничка програма.
Присутните се потсетија на почетоците на здружението, но и на неговата клучна улога денес како столб на социјалниот живот на битолските пензионери.
Од свечената академија порачаа дека јубилејот потврдува дека овде не станува збор само за остварување на правата од пензиската сфера, туку за место каде што се негуваат пријателствата, се поттикнува креативноста и се докажува дека третото животно доба може да биде исклучително активно и исполнето.
Здружението на пензионери од Битола одбележа 80 години од постоењето












