Жители на улицата Питу Гули во Битола бараат санација на коловозот. Велат дека состојбата со улицата каде што на некои места е извршено сечење на асфалтот, веројатно како подготовка за крпење на локалните дупки, е иста веќе подолго време.
Таму каде што се вршеле подготовки до овој момент нема санација. Ова им предизвикува проблеми во движењето како на возачите така и на пешаците.

Особено се проблематични врнежливите периоди кога дупките се полнат со вода. Мештаните велат дека често газат во вода и кал. На повеќе места е видливо дека асфалтот е нагризан од забот на времето и временските непогоди.
Оваа улица минува низ централното градско подрачје на Битола, а од она што може да се види на терен е потребата од што поскора санација на коловозот.












