Подобрување на инфраструктурата и реализацијата на капитални проекти продолжува да биде во фокусот на работата на Општината Могила, вели градоначалникот Драганчо Саботковски, осврнувајќи се на 100 дена од неговиот нов градоначалнички мандат.
Градоначалникот Саботковски посочува дека за реализација на ваквите крупни инфраструктурни проекти, голема поддршка Општината Могила добива од Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

Градоначалникот на Могила додава дека соработката со советниците во Советот на Општина Могила е суштински важна за реализација на проектите, а локалната самоуправа со директна финансиска помош во рамките на своите ингеренции, ги поддржува младите да останат во татковината.
Градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски го најави и отворање на Младински културен центар во Општината, а воедно информираше дека детската градинка со капацитет за згрижување на 40 деца е во завршна фаза.












