ТЕРА

REKLAMA???

Повик за бесплатна промоција преку веб страната на НП „Пелистер“

Националниот парк „Пелистер“ започнува нова иницијатива за засилена промоција на локалната заедница. Преку нивната нова веб-страница, сите производители на храна, занаетчии и угостители од подпелистерието ќе добијат можност за бесплатна дигитална презентација.

Поддршка на локалната економија и промоција на регионот преку иновативна дигитална платформа кадешто сите туристички содржини ќе бидат достапни на едно место.

Оваа е најновата идеја на тимовите од НП „Пелистер“ кои секојдневно се грижат и за Домот на моликата и за потребите на туристите, рекреативците и планинарите.

 

Јавната установа Национален парк Пелистер  денеска упати отворен повик до локалната заедница за вклучување во нивната нова веб-платформа. Сите производители на храна, занаетчии и угостители од подпелистерието имаа можност за бесплатна промоција на своите производи.

„Иницијативата не е само промоција, туку директен влог во локалниот економски развој. Идејата е преку иновативна форма на претставување, секој посетител да може лесно да ја најде комплетната гастрономска и сместувачка понуда на регионот.“ – велат од НП „Пелистер“.

Повикот најпрвин ги сензибилизира локалните производители на храна, сите кои нудат традиционални домашни производи, а потоа и сите хотели, ресторани и приватни сместувачки капацитети, но истовремено и сите други кои се вклучени во организирање и спроведување на различни видови туристичка понуда во кои би го вклучиле Пелистер од сите негови страни. Нивното претставување на оваа платформа ќе биде бесплатно.

Заинтересираните треба да го контактираат Националниот Парк преку контакт адресата којашто е наведена во нивната објава  – dzimaelena@gmail.com

Од друга страна, сите заинтересирани за се што е поврзано со животот и туризмот на планината, на едно место ќе може да најдат се што сакале да прашаат и информации за кои не знаеле дека се дел од пелистерското и подпелистерското секојдневие.

 

„Целта е на едно место да се обединат сите оние кои го создаваат духот на овој регион.“ – велат од националнито парк – „ иновативна форма на претставување; секој посетител да може лесно да ја најде комплетната гастрономска и сместувачка понуда на регионот.“