403 лица од Битола добиле помош преку Мобилните тимови за бесплатна правна помош кои до 15 мај ќе продолжат да нудат правна поддршка во Скопје, Битола и Штип.
Информативната иницијатива „Мобилни тимови за бесплатна правна помош“ се спроведува во просториите на Управата за водење на матичните книги од ноември 2025 година и ќе продолжи до 15 мај 2026 година. Таа има за цел да обезбеди директна помош за граѓаните и да го подобри пристапот до правда преку овозможување на ранливите и маргинализираните лица, особено припадниците на ромската заедница, да добијат навремена правна помош и поддршка.
Досега, примарна бесплатна правна помош е обезбедена за 943 лица од различна возраст и од различни етнички заедници. Во Скопје ја искористиле 351 лице, во Битола 403 лица, додека во Штип 189 лица.
Најчесто граѓаните барале правна помо за запишување на новороденче во Матичната книга на родените, постапки за признавање татковство и запишување во Матичната книга на родените, наследни постапки и семејно-правни прашања.
Иницијативата се спроведува двапати неделно во просториите на Управата за водење на матичните книги. Мобилниот тим во Битола работи секој понеделник и среда од 10:00 до 12:00 часот.












