ТЕРА

REKLAMA???

Во Ресен пресметка помеѓу повеќе лица, во Прилеп напад на малолетничка

Билтенот на Министерството за внатрешни работи бележи неколку инциденти и сообраќајни прекршоци во изминатите 24 часа на подрачјето на Ресен и Прилеп. Меѓу регистрираните настани се физичка пресметка и напад врз малолетно лице.

На 20.05.2026 во 00:45 часот во ОВР Ресен, од Итна медицинска помош Ресен било пријавено дека кај нив со повреди на преглед дошол Ф.К.(29) од Ресен. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при физичка пресметка помеу него и Н.А., Н.А. и Т.А., сите од Ресен. Полицијата веќе презема конкретни мерки за целосно расчистување на овој случај.

Вчера, на 19.05.2026 година во 15:00 часот, во просториите на ОВР Прилеп, М.П. (39) пријавила немил настан кој се случил на улицата „5-та Прилепска бригада“.

Според нејзиното сведочење, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од страна на неколку други малолетници.