ТЕРА

REKLAMA???

Надеж за Преспанското езеро – Водостојот повисок за речиси 1 метар

Нивото на Преспанското Езеро бележи значително зголемување во 2026 година, со пораст од околу 90-100 сантиметри во последните шест месеци. Ваквиот раст на езерото мерен до месец април е позитивен знак за обновување на водостојот.

Се проценува дека порастот е резултат на поволните временски услови и врнежите, со што езерото е значително повисоко во споредба со претходниот критично низок период.

Имено, езерото со децнии се соочува со повлекување, проблем кој се продлабочуваше од година во година.

Преспанското Езеро со години се соочува со загрижувачски низок водостој. Максимумот се смета дека го достигнало во 1963 година и изнесувал 851,83 метри надморска височина. Потоа нивото почна да опаѓа, проблем кој понатаму продолжил да се продлабочува како последица на климатските промени, понирањето на водата и неконтролираното искористување на водените ресурси.