ТЕРА

REKLAMA???

Психологот осомничен за детска порнографија примерно се однесувал на работа

Mакедонската јавност со внимание го следи развојот на настаните поврзани со истрагата на македонската полиција за сторители кои се поврзани со производство и дистрибуција на детска порнорафија. Со еден осомничен, Битола е уште поинтересна за сите кои оваа полициска активност ја гледаат како можност за сопствено позиционирање во општеството. Сепак, кај сите доминира вознемиреноста.

Битолската јавност и понатаму е вознемирена од случајот со лицето ангажиранот во  ОУ „Климент Охридски“, осомничен за дистрибуција на детска порнографија. Во разговорот денеска со Петар Созовски, директор на училиштето се дознава дека  дека случајот нема поврзаност со наставниот процес и дека безбедноста на учениците не била загрозена.

Созовски: „Можам да кажам дека во петокот од страна на МВР сме информирани дека за лице кое привремено работи во нашето училиште, беше на замена од 3 февруари се води истражна постапка која не е поврзана со одредени случувања во нашето училиште. Можам да кажам дека на замена беше лицето и дека, додека беше кај нас не се забележани никакви недозволени појави. Од МВР како училиште добивме нормално информација дека она што се истражува нема случувања кои сугерираат на поврзаност со училиштето. Секако дека ситуацијата не е добра, меѓутоа е добро што тоа се случувања од неговиот приватен живот и нема поврзаност со нашето училиште. Ние како училиште можеме само да гарантираме дека безбедноста на нашите ученици била и секако ќе остане највисоко ниво и понатаму.  Немам многу информации бидејќи се работи за истражна постапка и ниту јас можам да давам информации кои секако не се проверени , меѓутоа се работи за некои случувања на лицето од неговиот приватен живот и безбедноста на учениците во нашето училиште не е поврзано и нема никакви појави и постапки поврзани со училиштето . Лицето беше привремено на замена и нормално веќе е исклучќено од секакви постапки во наставниот процес и нормално се бара, бидејќи не е дел од училиштето, се бара нова замена.“ – вели Петар Созовски, директор на училиштето.

И додека од училиштето уверуваат дека случајот нема допирни точки со установата, јавноста очекува повисоко ниво на превенција и контрола.

Безбедноста на децата не смее да биде тема за реакција, туку за навремена заштита. Останува да се следи истрагата и одговорноста на сите вклучени.