ТЕРА

REKLAMA???

Расчистена дивата депонија за која алармираше Тера телевизија

Пред неколку денови Тера телевизија алармираше за проблемот со дивата депонија во непосредна близина на Студентскиот информативен центар во Битола. Глетка која ни најмалку не доликува во универзитетска зона и населено место на чекор до станбени згради и маркети.

По нашата вест, денес на просторот на поранешната касарна беше спроведена акција за расчистување на насобраниот смет. На иницијатива на ректоратот, денеска екипите на „Комуналец“ со поддршка на студенти и професори чистеа околу Студентскиот информативен центар и Правниот факултет.

„Бидејќи состојбата во овој регион сите ја знаеме, беше дива депонија, имаше голема обрасната вегетација, ние со нашите студенти немавме капацитет тоа да го средиме, бидејќи потребна е професионална поддршка со механизација и без збор на нашиот прв состанок веднаш излегоа во пресрет“ рече Игор Неделковски, ректор на битолскиот универзитет.

Градоначалникот на Битола посочи дека истата локација досега се загадува и расчистува во повеќе наврати, што јасно укажува на потребата од подигање на еколошката свест.

„Ова е трет или четврт пат откако јас сум градоначалник на Битола како се чисти ова место овде. Се вклучија тука и професорите и студентите, на нивна иницијатива беше и не застануваме овде, наредните денови ќе продолжиме и во студентскиот парк во непосредна близина. Кажав и претходно, знаете системот ние го градиме. Ако самите не поработиме на свеста и едноставно да разбереме дека постојат места каде што треба да се депонира, а не кој каде што ќе стигне“ рече рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Во изминатиот период од четири години многу пати тука имаме чистено, но истото се повторува од дел од несовесни граѓани, мала група која прави малку поголеми проблеми и еве денес до сега има пет камионски тури исчистено, тоа во превод значи околу 40 метри кубни смет.“ рече Директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски.

Од универзитетот се подготвени да постават и дополнителен видео надзор со цел трајно решавање на проблемот.

Акцијата продолжува и во следните денови.