Завршната сметка, кварталниот извештај за извршување на буџетот и годишниот извештај за минатата 2025 година беа усвоени од владејачкото мнозинство на денешната едница на Советот на Општина Битола.
Советниците на опозицијата критикуваа дека општинскиот буџет ја нема развојната компонента и дека делот на капиталните расходи има слаба реализација.
Советниците од мнозинството се спротиставија на ваквите обвинувања на опозицијата и посочија дека завршната сметка на буџетот ја покажува стабилната финансиска состојба на Општината Битола.

Градоначалникот Коњановски пред советниците истакна дека како локална власт биле фокусирани на многу проекти, но, во претходниот период, имало кочења, имало избори.
Завршната сметка на Општината Битола за 2025 година беше усвоена со 17 гласа “за“, дванаесет советници гласаа против.
















