ТЕРА

REKLAMA???

Само два битолски медиуми регистрирани во АВМУ за 2026

Со какви предизвици се соочуваат медиумите во македонија. сиромашен медиумски пазар, етички предизвици во онлајн сферата, неефикасна регулатива и растечка зависност на медиумите од државните фондови. Ова се предизвиците за кои денеска новинарите од Битола и Прилеп имаа заедничка дискусија.

Каква е иднината на новинарството и на медиумите во Македонија во услови на сиромашен медиумски пазар, етички предизвици во онлајн сферата, неефикасна регулатива и растечка зависност на медиумите од државните фондови.  Ова се предизвиците на македонската медиумска индустрија нотирани во истражување од Македонскиот Институт за Медиуми и посведочени секојдневно низ праксата на новинарите.

Оваа година предизвикот е поголем. На повикот од Агенцијата за аудио-визуелни медиуми за регистрирање на сите медиуми, од сите портали кои постојат во битолскиот медиумски простор, се регистрираа два – ТЕРА ТВ е една од двата.

Како ја коментира сликата за регистрирани медиуми го прашавме проф.д-р Сефер Тахири кој е член на работната група за измени во новинарскиот етички кодекс.

Изјавата на проф. Тахири во врската на крајот од овој текст што ве води до  официјалчната страница на  ТЕРА ТВ на Youtube.

Ваквиот регистер засега укажува на виститоста во тврдењата дека не е редок случајот во кој за медиуми се претставуваат различни фејсбук профили, блог страници или инфлуенсери и, и покрај фактот дека не почитуваат никакви стандарди,  директно се вклучуваат во комерцијализација на своите, не ретко еднострани и непрофесионално составени објави.