Дали ребалансот на буџетот за 2026 година е признание дека првичниот буџет бил нереален, праша советникот од СДСМ Драги Крстев.
Тој побара конкретен одговор кои проекти се навистина финансиски обезбедени и реално изводливи за 2026 година.
Тој исто така праша зошто советот расправа за нови трошења, а претходно нема целосна расправа за завршните сметки, загубите и долговите на јавните претпријатија – граѓаните немаат јасна слика колку должат јавните претпријатија – ребаланс без отчет е финансиска амнестија за лошо управување , рече тој.











