ТЕРА

REKLAMA???

Седум села во Битолско се без струја денеска

Денеска  седум села од Битолско се без снабдување со електрична енергија. Од Електродистрибуција велат дека се работи за планирани прекини заради реконструкција и одржување на мрежата.

Селата Кишава, Граешница, Лажец , вклучително и ТС ХМС Лажeц), Драгош, Жван, Мојно, Алинци и Мусинци денеска се без струја. Според достапните информации од Електродистрибуција, за денеска се најавени повеќе планирани прекини во снабдубањето со електрична енергија во делови од битолскиот регион.

Според активностите кои се преземаат, се работи на реконструкција и модернизација на електродистрибутивната мрежа. Сепак, можни се одредени отстапувања од предвидената временска рамка, во зависност од сложеноста на зафатите и условите на теренот. За овие места, прекините на снабдувањето ќе траат до 16.00 часот.

Од Електродистрибуција истовремено информираат и дека во текот на утрешниот ден, 16.04.2026 година без елекетрична енергија од 8.30 часот наутро до 15.00 часот ќе останат делови од булеварот ! -Мај кај сточниот пазар  како и објектите на улиците „16-та“ и „18-та“, се до  објектот „Про Монт Дизајн“.

Надлежните служби апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат интервенциите.