Семејното насилство е трета по ред причина за развод во Македонија, по економско-финансиските проблеми и долгорочните одвојувања поради работа во странство. Ова не е официјална статистика затоа што таква во државава нема.

Според најновите достапни официјални и институционални податоци, семејното насилство во Македонија и во 2025 и во 2026 година останува сериозен општествен проблем, со речиси секојдневни пријави во полициските билтени. Според бројките за 2025 година објавени од Мета.мк, а врз основа на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2025 година биле регистрирани рекордни 4.745 жени жртви на семејно насилство. Бројката опфаќа и кривични дела и сторени прекршоци и пријави за семејно насилство. Поразителен е фактот што во последните пет години биле регистрирани 26 случаи на фемицид. Убиството во Битола е петто во првите 6 месеци од 2026 година.

За 2026 година сè уште нема објавен целосен годишен извештај или официјална статистичка база со вкупен број случаи, но дневните билтени на Министерството за внатрешни работи покажуваат континуитет на пријавите и интервенциите. Само во март, април и мај, Министерството за внатрешни регистрирале 11 пријави за семејно насилство во едно деноноќие во повеќе градови; 7 пријави во едно деноноќие во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево; 5 пријави за едно деноноќие со четири приведени лица; 6 пријави за едно деноноќие во мај 2026 година. Во најголем дел од случаите жртви се жени и деца, а пријавите се однесуваат на: физичко насилство; психолошко малтретирање; закани; насилство врз поранешни партнери; насилство врз малолетни деца; употреба на оружје или остри предмети. 2026 година ќе остане запамтена и по самоубиството на мајка со дете, сторено по бројни инциденти од семејно насилство.

Насилното решавање на семејните проблеми и несогласувања најчесто води до разделуавање на партнерите односно развод на озаконетите бракови, а според Државниот завод за статистика, нивниот број повторно е во пораст. Според статистиката, во 2020 година биле регистрирани 1.569 разводи, една година подоцна бројката се искачила на 1.964, што претставува раст од над 25 проценти. Во 2022 следувал пад на 1.613 разводи, но веќе во 2023 година бројот повторно пораснал на 1.765. Податоците и за 2024 година укажуваат дека трендот на раст продолжува. Само во последниот квартал биле регистрирани 601 развод. Сеуште нема официјални податоци за 2025 и 2026 година, но бројката на разводи во Македонија , но се знае дека најчесто браковите завршуваат по 5 до 9 години заеднички живот.

Државата не води специфична у прецизна евиденција за причините, но од бројните анализи и научни трудови на граѓанскиот сектор, причините не се поинакви од тие во светот. Социолози, психолози коментираат дека разводите во Македонија се случуваат од неколку разбирливи причини: Како што општеството се развива, повеќе луѓе – особено жени – чувствуваат поголема слобода да ги напуштат врските што повеќе не ги прават среќни. Современиот живот носи свои притисоци, а со променливите погледи на љубовта, независноста и личното исполнување, паровите имаат поголема веројатност да се разделат кога работите не одат како што треба.

Според податоци на Обединетите нации и други извори, „разводот има многу можни причини, вклучувајќи неверство, финансиски проблеми, губење на интимност, злоупотреба на супстанции, семејно насилство, недостаток на посветеност, морални или религиозни разлики и едноставно разделување.
Според податоците од Обединетите нации и други извори, земјата со највисока стапка на развод во светот досега е регистрирана на Малдивите со 10,97 на 1.000 луѓе во 2002 година, што ѝ донесе на земјата Гинисов рекорд.












