ТЕРА

REKLAMA???

Мини депонии никнуваат и на Смолево

Смолево е едно од омилените излетнички места на битолчани, каде многумина одат на чист воздух и во природа. Но за жал ова место е на мета и на несовесни посетители поради кои во просторот околу црквата „Свети Атанас“, никнуваат мини депонии. Несовесното однесување на дел од посетителите остава траги од пластика и лименки на секој чекор.

Пластични шишиња од вода и сокови се расфрлани по тревниците.

Лименки и најлонски кеси висат од гранките или се натрупани во импровизирани мини депонии.

Остатоци од храна и амбалажи кои ја загрозуваат околината и здравјето на посетителите.

Локалните жители и редовните рекреативци со разочарување коментираат дека еко-свеста е на критично ниво. Иако Смолево нуди идеални услови за одмор, недостатокот на грижа за сопствениот отпад го уништува и нагрдува природното богатство во околината на Битола. Битолчани кои редовно го посетуваат ова место со апел до сите посетители: „Секој што носи полна амбалажа до Смолево, може истата, празна и полесна, да ја врати назад до најблискиот контејнер во градот.“