Кусото враќање на зимата е одлична вест за љубителите на зимските спортови. На Попова Шапка има нова снежна покривка. Според камерите на Ски Македонија од Пелистер и Ниже поле, снегот е дел од сценографиајта и на скијачките патеки, но нема добри услови за тоа.
Според информациите на НП „Пелистер“, снежната покривка на 2200 надморска височина надминува повеќе од 2 метри, а со прогнозите се очекува нејзино зголемување. Сепак, скијањето на ски патеката во ова време не е можно.

Условите се препораливи за искусни планинари кои се качуваат на планина со соодветна опрема. За сите други кои сакаат рекреативно ушт6е малку да уживаат.
Враќањето на зимата треба да се искористи, заради чистиот воздух кој секако во изобилство го има на Пелистер. Но и здравствените придобивки кои се многупати докажани.
Оттука. Претстојниот продолжен викенд се очекува дека ќе овозможи вистински зимски сцени за убави спомени за тие кои не се плашат од снегот и уживаат во свежината на студениот воздух.
Слушнете го објаснувањето на Иванчо Тошевски, директор на НП „Пелистер“.


















