На преминот на Широк сокак во центарот на градот почнаа активностите за поставување пешачки семафори, кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога не е затворена за сообраќај, а така е во текот на целата година, освен за летниот распуст на училиштата.
Иако потребата од поголема безбедност за пешаците не е спорна, почетокот на градежните работи наиде на сериозни критики и реакции кај битолчани.
Главните поплаки на граѓаните се однесуваат на тајмингот за реализација на проектот. Многумина реагираат дека градежните активности се одвиваат во период од денот кога сообраќајот во центарот на Битола е најфреквентен, што предизвикува огромни застои и го блокира нормалното функционирање на градот. Револтираните возачи и минувачи апелираат ваквите сообраќајни решенија да се изведуваат во часови кога фреквенцијата на возила е минимална, со цел да се избегне моменталниот сообраќаен колапс.
Битолчани реагираат на градежните работи во центар кои го блокираат сообраќајот












