ТЕРА

REKLAMA???

Старата битолска чаршија никако да го врати сјајот од минатото

Старата битолска чаршија ни оддалеку веќе не потсетува на чаршијата од минатото, кога беше прочуена по големиот број занаетчиски и трговски дуќани, леблебиџилници, слаткарници, чајџилници, ресторанчиња, ќебапчилници…

Спуштени кепенци, затворени врати, дуќани на продажба и на изнајмување.

Тоа е сликата во Старата битолска чаршија, којашто може да се забележи. Лош впечаток кај граѓаните и туристите што ја посетуваат Битола остава и еден напуштен и руиниран објект покрај реката Драгор.

Таму денеска затекнавме расфрлани голем број празни шишиња, лименки и останати отпадоци…

Ги прашавме граѓаните што треба да се направи за повторно да заживее Старата битолска чаршија?

„Да му се даде шанса на тие што знаат да работат, за да отворат нови дуќани. Да му се намалат порезите. Тоа е еден од најголемите фактори“ вели граѓанин.

„Порано во чаршијата беше се поинаку. Сега не е чаршијата како што ја паметат јас. Сите дуќани тогаш работеа, сега дуќаните се затвораат и не е е како што беше“ рече друг повозрасен битолчанец.

„Треба многу работи да се сменат, пред се, Битола е економски падната премногу, така да, пак ќе кажам од корен работите треба да се сменат“ рече битолчанец од помладата генерација.

И покрај тоа што Старата битолска чаршија со својата архитектура и градба по многу нешта потсетува на белградската „Скадарлија“, таа одамна во целост го смени својот лик и ни оддалеку веќе не потсетува на чаршијата од минатото.