ТЕРА

REKLAMA???

Дали заборавените руини и фасади се закана под налет на ветер

Ѕидови кои се ронат, попуштени покривни греди и полуоткорнати делови кои висат. Ова е глетката на еден од старите објекти во поранешната касарна во Битола.
Многумина би рекле ништо невообичаено, бидејќи овие објекти се долго време во ваква состојба. Но, вчерашното невреме во Скопје го отвори прашањето – колку заборавените руини и фасади стануваат закана во услови на невреме, особено проследено со силен ветер.


Иако ова не е изолиран пример низ Македонија, при силен ветер и невреме, старите и разрушени објекти од обични руини се претвораат во закана за минувачите и автомобилите.
Сериозноста на овој проблем најдобро ја покажа вчерашното силно невреме што го зафати Скопје. Настаните во главниот град беа само уште една потврда и алармантно предупредување за тоа што може да се случи кога природата ќе покаже заби, а во урбаните средини постојат објекти од кои можат да се откачат делови претставувајќи потенцијална опасност за околината.


Објектите како тие во битолската касарна, според градежниците, треба соодветно да се заградат, да се постават заштитни мрежи или да се срушат доколку се конструктивно нестабилни.


Урбаната безбедност мора да биде приоритет пред некој следен силен ветер да донесе потешки последици.