ТЕРА

REKLAMA???

Со студентски стипендии до нов кадар во Преспа за заштита на животната средина

Како младите да се свртат кон земјоделските и еко науките. Во време кога овие професии стануваат помалку атрактивни за младите Македонското еколошко друштво преку доделување стипендии настојува да ги зачува и надогради локалните капацитети кои во иднина треба да дадат свој професионален придонес токму во оваа сфера.

Така, со цел надминување на локалниот недостиг од кадар во Преспа за стручни лица од природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина, Македонското еколошко друштво соопшти дека ќе доделува стипендии до 400 евра месечно.

Ваквите стипендии се наменети за матурантите од Преспа кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки.

Покрај финансиската поддршка што ќе ја добијат избраните студенти, Македонското еколошко друштво исто така ќе ги вклучи во својата менторска програма преку која ќе стекнат практично и теренско искуство во истражувањето и заштитата на видовите и живеалиштата во Преспа.