ТЕРА

REKLAMA???

Стоматолошките услуги се ограничени за децата со посебен развој во Битола

Oралното здравје е составен дел од општото здравје и има големо значење за правилниот раст и развој на детето. затоа месец февруари традиционално се одбележува како месец на подигање на свеста за оралното здравје, со посебен акцент на децата. здравите заби и непца се важни за правилен раст и развој, правилен говор, исхрана и самодоверба. сепак законите, навиките и експертизата на стоматолозите не овозможуваа сите деца во државата да ги имаат потребните стоматолошки услуги.

Оралното здравје кај децата во Македонија се оценува како слабо до незадоволително, со значајни разлики меѓу деца и средини.

Заклучокот се темели на неколку научни истражувања, меѓу кои и Студијата за состојбата на оралното здравје на деца од 10 години во Битола изработена во 2022 година од група стоматолози од битолскиот уред, прилепската и битолската болница и стоматолошкиот факултет на скопскиот универзитет.

Се следеле хигиено-диететските навики на 300 деца и врз основа на добиените податоци се заклучило дека во Битола, најпрвин има многу кариес во устата на децата – скоро сите деца барем еден кариозен заб, дека голем дел од кариесите се недолекувани, дека само дел од децата имаат редовни хигиенски навики – 2-3 пати четкање на забите девно и дека превентивните мерки законски определени во државава и прифатени од Комората на стоматолизи се недоволно распространети односно реализирани.

Но еден друг проблем се провлекува во последната деценија за кој знаат само родителите на деца со проблеми во развојот.  Децата со посебни потреби најчесто не соработуваат со стоматолозите, повеќе од другите деца, а родителите се принудени да патуваат во Скопје, на скопската клиника.

Билјана Стефановска од здружението на деца и млади со посебни потреби „Невроразлични“ од Битола објаснува дека децата со посебни потреби не сорабтуваат со стоматолог и „проблемот е што ние како родители со децата со посебни потреби најчесто завршуваме на Клиника за стоматологија во Скопје.  Таму се успиваат и така се вршат стоматолошките услуги односно итнервенции, поправки на заби и слично. “

Според кодексот на стоматолози тие  мора да ги почитуваат националните и меѓународни прописи и стандарди. Овде се работи за општа анестезија или поголема седација на децата. Анестезијата треба да биде искористена според научно-стручни упатства и безбедносни стандарди. Пломбирањето или превентивните прегледи за оваа категорија деца не се возможни.

Тера: Која специјалност треба да ја имаат битолските стоматолози за вие да не патувате во Скопје?

Стефановска вели не е проблемот во експертизата туку во законот. „Ние имаме клиничка болница и таму имаме анестезиолошка и максило-фацијална хирургија, имаме прекрасен доктор, меѓутоа како услуги, Законот не овозможува стоматолошки услуги. Тие може да го успијат детето меѓутоа само за вадење на заб. “

Иако Закон не го дефинира точно кога стоматолог може да употреби анестезија, стручните препораки и пракса (во стоматолошки институции и упатства за третман) што се наоѓаат при проверка на интернет  укажуваат дека: анестезија во стоматологијата може да се користи кај деца кои не соработуваат, кај деца со посебни потреби и развојни потешкотии и во нив се вброени и психички и невролошки нарушувања. При користиење на општа анестезија методата најчесто вклучува проценка на ризикот од анестезиолот и детален медицински увид. На ниво на државни органи е усвоен правилник за функционална проценка на деца и млади со попреченост, што влијае на остварување на здравствени и други услуги – здравствени, образовни и услуги од социјалната сфера, правилник што државата го има направено во соработка со УНИЦЕФ , а вградено е искуство од другите земји во светот.

Законска можност има, за секој слуќај има индивидуален и различен пристап, но засега сеуште родителите на некои деца со попреченост во развојот од Битола патуваат и се прегледуваат во Скопје.