Земјоделците од Пелагониско повторно јавно реагираат дека не им се исплатени средствата што ги очекуваат од државата. Велат дека времето за чекање истекува, бидејќи се приближува есенската сеидба, а без пари за гориво, ѓубрива, семе и репроматеријали тешко ќе можат да ја започнат новата производна сезона. Во меѓувреме, Владата го усвои дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2026 година, а земјоделците прашуваат – ако средствата се обезбедени, зошто сè уште ги нема на нивните сметки?
Протестираа и пред месец и половина. Своите проблеми и тогап ги кажаа сите – и земјоделците и сточарите и градинарите. Сега се децидни во објаснувањето зошто нивната трпеливост е намалена и овојпат повторно , но со поголема решителност информираат дека доколку до крајот на оваа недека не бида исчитена 2025 година од субвенциите што државата велат им ги должи, ќе го затворат граничниот премин Меџитлија.
слушнете ги нивните изјави во прилогот што ве води до YouTube











