ТЕРА

REKLAMA???

Тактилната патека за слепи се вкрстува со велосипедска патека во Битола реагираат граѓани

Тактилната патека за слепи лица во еден дел од Шеталиштето во Градскиот парк во Битола се вкрстува со велосипедската патека. Се работи за делот во близина на Спортската сала во Битола пред која минува тактилната патека.

Семејства во кои има членови со слепи лица реагираат дека ова претставува потенцијална опасност за слепите лица кои не можат да го забележат движењето на велосипедистите со што се изложени на опасност. Поради тоа велат дека може да дојде и до несакани последици.

Апелираат овој дел од шеталиштето да биде само пешачко рекреативна зона, со цел и слепите лица од нашиот град да имаат парче простор каде ќе можат да се движат без страв дека ќе се судрат со некој велосипедист кој можеби нема да ги забележи навреме.

Ова е особено проблем за лицата со висок степен на слепило, чии што семејства и реагираат на проблемот. Бараат побезбедни услови за движење на слепите лица во Битола, кои сега овој простор го делат и со велосипеди, тротинети, скутери и мотори.