Физичките лица, даночни резиденти на Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство. управата веќе спроведува проверка во земјите со кои има договори за спречување на двојно оданочување.
Сите даночни резиденти на Република Северна Македонија кои оствариле доход од странство – без разлика дали данокот во странство е веќе платен или не треба да го платат данокот за доход од работа или друг вид приход од странство. Крајниот рок е 31 март, но , од УЈП велат дека е потребно да се направат сите проверки на лицата кои ќе пријават приходи за кои не треба да бидат оданочени овде.
Најпрвин, сите македонски резиденти треба да го платат данокот во својата матична земја – сите тие кои овде имаат социјални врски – семејство, пријатели или економски врски- актива банкарска сметка или друг вид економски интерес. И странците кои овде се повеќе од 183 дена и притоа остваруваат приход се сметаат за резиденти.
Се оданочуваат односно пријавуаат плата, хонорари, фриленс и интелектуални услуги Приход од закуп (Airbnb, Booking и сл.) Капитални добивки (имот, криптовалути, хартии од вредност) Дивиденди, камати, Авторски права, добивки од игри на среќа и друг доход.
Не се пријавуваат подароци, семејна помош, позајмици и лични трансфери испратени преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси.
Пријавата се поднесува преку сустемот за е-даночни услугим, а во формуларот што го срочиле од УПЈП потребно е да се прикачат и сите докази – договори, платни листи, банкарски изводи, порвди за платен данок и слични документи. Системот во Македонија автоматски ја врѓи валутната конверзија по курс од Народна Банка на Македонија.
Заклучно со 2025 година, државата има склучено 49 договори за одбегнување на двојно оданочување, но пријавувањето е задолжително и кога данокот е платен во странство.
Република Македонија заклучно со 2025 година има склучено 49 билатерални договори за одбегнување на двојно оданочување со разни држави низ Европа, Азија, Блискиот исток и други региони. Овие договори важат за доход и капитал и служат за да се спречи давање данок двапати на ист извор на приходот. Засега нема вакви договори со големите економии – САД, Канада, Австралија, јапонија, многуи африкански земји и јужноамерикански држави, и повеќето балтички земји освен Латвија и Литванија.













