ТЕРА

REKLAMA???

Tрет ден велигден – Светол вторник

Третиот ден од прославата на Велигден, познат како Светол вторник, претставува значаен дел од таканаречената Светла седмица – период исполнет со радост, духовна обнова и продолжување на празничната атмосфера што започнува со Христовото Воскресение.

Духовната  и литургиската димензија говори дека Светлиот вторник се одбележува со богослужби во кои продолжува прославата на Исус Христос и Неговото Воскресение. Вратите на олтарот во црквите остануваат отворени – симбол на отвореното небо и победата над смртта. Во богослужбите доминира воскресниот тропар „Христос воскресе“, кој се пее во текот на целата недела.

Етнолошки, Светлиот вторник е дел од продолжената празнична структура која ги поврзува семејството, заедницата и традицијата. Продолжуваат посетите по роднини и пријатели, продолжува размената на велигденските јајца и празничните трпези,

Во некои рурални средини се задржале и обичаи поврзани со заеднички собири на отворено, прошетки и игри, што ја нагласува социјалната функција на празникот – зацврстување на колективниот идентитет.

Низ призмата на културната интерпретација, Светлиот вторник, како и целата Светла седмица, има карактер на „време над времето“ – период во кој секојдневните норми се ублажуваат, а заедницата живее во ритам на празникот.

Антрополошки ова е време на „преминот“ кога се обновуваат и индивидуалните и колективните вредности.

Празникот ја претставува и негува идејата за  победа на животот над смртта, обнова на природата и човекот, солидарност и заедништво.

Оттука, велат експертите етнолози и антрополози, Светлиот вторник „не е само „трет ден од Велигден“, туку важен сегмент од еден поширок културен и духовен циклус. Тој ја отсликува синтезата меѓу црковната догма и народната традиција – карактеристика што е особено изразена кај балканските народи.

Токму преку ваквите денови се зачувува континуитетот на колективната меморија и се пренесуваат вредностите од генерација на генерација. “