Од февруари лани основното училиштето во Бистрица се реконструира и сеуште реконструкциајта не е завршена. Нема ниту работници, ни табла кој и како работи на теренот. Учениците и наставниците секојдневно се соочуваат со безбедносен проблем нотиран и од Државниот просветен инспекторат, а старите бистричани евоцираат спомени дека и нивните деца и внуците учат под исти услови – без вода и во стара зграда.

Од февруари лани Општина Битола започна реконструкција на старата училишна зграда на основното училиште Крсте петков Мисирков во селото Бистрица, со намера да се направи спортска сала. Но, година и половина подоцна, на местото нема ниту работници, ниту пак информативна табла дека некој нешто со нечии пари работи, инвестирал и ангажирал градежно претпријатите. Само табла со знаци според кои заградениот простор зад неа се прогласува за градилиште.

Од училиштето немаат информација за текот на работите. Велат надлежноста целосно е на Општината, од иницирање на проектот, преку избор на градежни претпријатија за уривање, па потоа и градежни претпријатија за изградба на објектот.

Денска како повратна информација ја добивме само емоцијата на младите кои реагираа што само во нивното училиште нема спортска сала и, реакцијата на повозрасна бистричанка која ни кажа дека нејзиниот син пред 40 години учел во објект кој бил пропаднат, и сега нејзиниот внук учи во непостоечки објект. Рече, таа и нејзините соседи чекаат да се заврши градењето, но очигледно за џабе го урнале стариот дом на културата во чии простории функционирало и ова училиште. Ученик од повисоките класови пак ни рече дека неговиот братучед учел во урнатата зграда, и дека сега дипломира на факултет.

Во текот на уривањето од страна на ангажираното градежно претпријатие била оштетена и дел од училишната зграда, просторијата којашто се користела како медијатека, за различни презентации и работилници за учениците. Но, и покрај реакциите до Општина Битола, неформалните информации до кои денеска дојдовме велат дека сосојбата ја нотирале и инспектори од Државниот просветен инспекторат и дека покрај забелешките за дел од наставниот процес – отсуство на медијатека, целосно затворена и неупотреблива, а направиле и забелешка за лошата безбедносна состојба со која учениците секојдневно се соочуваат. Интегралната евалуција што ја направиле дражвните просветни инспектори завршила со препорака до училиштето за заштита на околината. Акциониот план за постапување по препораката нема потврда од Општината, кадешто сите вакви и слични документи задолжително се испраќаат.

Но, Општината била во молк, а тоа, заедно со отсуството на конкретна информација за каков проект се работи – без табла, без рокови, без отчет, создава недоверрба кај сите бистричани и наставниците кои доаѓаат од Битола. Отворено коментираат или само се прашуваат дали Општината заборавила дека овде има училиште што го раскопаа!?
Наместо спортска сала, основното Крсте Петков Мисирков во Бистрица, остана со простор како бојно поле, со оштетена и затворена училишна просторија од една страна и, со азбестен покрив на зградата за престој на учениците, од другата страна на училишниот двор.












