ТЕРА

REKLAMA???

Уличките во Мал Париз оставени на раскопување

Мал Париз многу Балкански

Граѓани од населбата викана Мал Париз реагираат што три – четири години по асфалтирањето на главниот пат во населбата, улицата Даме Груев, сеуште не се асфалтирани приодите до таа улица.

Се жалат на промени во квалитетот на животот и со канализациајта којашто ја правеле од „Нискоградба“. Велат во денови со обилни дождови, „канализацијата враќа“ и се шири неподонслива миризба, што ја дополнува миризбата од Сточниот пазар лоциран во овој дел од населбата.

Улицата Даме Греуев е асфалтирана пред десетина години, но лани во септември, непосредно пред локалните избори општината објави информации дека ќе се започнат со работите за реконструкција на коловозот и дека тоа е проект поделен на три краци – едниот вбо должина од скоро 191 метар, вториот од 60тина метри и третиот од околу 160 метри. Но и денеска на ливце место видливо е дека работите започнале но ете за малку не се довршиле.

Засега краците се улички оставени на раскопување, што би рекле „ на забот на времето“.

Но, не се само неасфалтираните краци неевропскиот дел од Битола.

Мал поглед на пределот меѓу објектите на поранешна „Прехрана“ и „Агрохемија“.

Мали купчиња од смет еднаш овде ставени , останале. На прашањето „од кога Комуналец не ги собрал овие“ – едни велат „којзнае од кога се тука“, други  пак велат „од стално“.

Иако ова јавно претпријатие го собира кабастиот отпад и според програмата за работа во текот на работната недела има дневен распоред на населби од кадешто се подигнува сметот од кантите, никој таму не соопштил, можеби не информирал, но дефинитивно никој не исконтролирал ниту организирал собирање на нејзиното величество – фотељата.

Состојбата за жал не е поразлична ниту  од другата страна , кадешто е лоциран Сточниот пазар.

Оваа улица е паралелна на улицата Даме Груев од Мал Париз и се води како Булевар 1 Мај. Непосредно до последниот дел од урбанизираното корито на реката Драгор. Но и таму јавните комунални  немале големи активности.