ТЕРА

REKLAMA???

Уште еден спортски скандал! Општина Битола исплатила над 850.000 евра на Кошаркарскиот клуб Пелистер! Клуб без вработени и без резултати!

Во кошарката, „жигосани во рекетот“ се оние што постојано ја носат тежината на играта под кошот. Во случајот со КК Пелистер, рекетот освен со играчи, е полн и со многу непознати на кои јавноста засега нема одговор.
Формално, КК Пелистер е 100% во сопственост на Општина Битола. Таа е единствен акционер и има формална контрола. Со договорот од јуни 2023 година, како генерален спонзор во клубот влегува компанијата Таскфорс. Со тоа започнува „заедничкото управување“ на клубот. Формалната контрола ја има општината како сопственик, а оперативно – финансиската приватниот партнер кој носи пари. Но, пари во клубот даваат и битолчани.
Договорот помеѓу општината и Таскфорс не може да се најде на разните пребарувачи. Пред 3 години, медиумите објавија дека Таскфорс се обврзува да ги исполнува условите од член 3 од договорот, без детали што значи тоа во пари. Од друга страна, според јавно достапните податоци, актуелната локална власт во Битола, досега има исплатено на КК Пелистер над 52.500.000 денари, односно над 850.000 евра!!! Во годината на пресврт, кога Таскфорс влезе во клубот, КК Пелистер АД Битола беше број 1 компанија во Македонија по добивка во категоријата компании без вработени. Тогаш, добивката изнесуваше 396.000 евра, а бројот на вработени беше 0 (нула). Ова е уникатна ситуација бидејќи КК Пелистер не е било која фирма, туку спортски клуб кој учествува во лига, има играчи, има тренери, има натпревари. Но, на хартија функционира како фирма без луѓе.
Ова само по себе, ова не е незаконско, но клучното прашање е како јавниот интерес е заштитен? КК Пелистер само за три години, од 2022 до 2024 година, остварил приходи од над 700.000 евра. Вкупната добивка за истиот период изнесува над 450.000 евра. Ако во клубот влегуваат пари и од буџетот на општината, тогаш мора да постои распределба. Вака, како што се поставени работите, јавниот интерес останува недефиниран и немерлив. Парите на граѓаните се користат во модел што создава приватна вредност.
На крајот, останува наједноставната, но најтешка вистина – многу пари, а без трофеи. Во спортот, резултатот е единствената мерка што не може да се скрие зад табели и договори. А тука, КК Пелистер со години останува без шампионски пехар. Во рекетот некој мора да ја носи тежината, но во оваа приказна жигосани се јавните средства и навивачите.