В недела, на 29 март во 02:00 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето што ќе трае до 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, информираат од Министерството за енергетика.
Според Владината одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот.
Од Министерството за енергетика додаваат дека летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.
„Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област“ посочуваат од МЕРМС.












