ТЕРА

REKLAMA???

Владината одлука за обештетување на битолчани засега послушана

Oпштина Битола нема од Владата да побара повеќе пари за обештетување за земјотресот од 2022 година.  Барем засега. Предлогот на советникот Димитар Кузмановски од Владата да се побараат уште пари не беше усвоен, не се најде ниту на дневен ред.

Негативни и саркастични се коментарите на граѓаните на сознанијата дека парите кои ги добија граѓаните за обештетување од земјотресот во 2022 година се од 70 до 750 денари. За едни обештетувањето е навреда, за други вистинско време за организирана граѓанска акција да се вратат парите на општината, за трети причина за шеги на сметка на општата политичка и економска ситуација.

Земјотресот кој на 9 јануари 2022 година ги вознемири битолчани, според пресметките на комисијата за проценка што ја формирала Општина Битола штетата била 35.690,926денари.

Но, со одлука на Владата, парите биле сведени на 1.784.546 денари. На сметките на граѓаните легнаа по 70тина до 750 денари.  Советникот Димитар Кузмановски, од ЛДП предложи со предлог заклучок избраните од граѓаните да се заземат за своита гласачи.

„Предлагам една точка на дневен ред, да донесеме Заклучок со кој се иницира до владата на РМ да изврши измена на одлуката што се однесува за исплата од штети од земјторесот така што процентот за исплата од 5% да се зголеми за дополнителни 95%, односно обештетување во износ од 100% на утврдената штета. “

Предлогот за хуманитарната помош од државниот Буџет за граѓаните на Битола бил изгласан во октомври 2024 година, а до крајот на годината парите и биле префрлени на општината. Сепак, овие средства беа дистрибуирани на граѓаните оваа година.

„Ги натеравме граѓаните да ваѓаат слики од нивните штети, да ваѓаат имотни листови да прават трошок повеќе од 500 денари, а за возврат добија поврат само на 100 до 150 денари. Ако тоа не е срамота, тогаш не знам што е. Имаме околу 2.400 наши домаќинства кои се опфатени.“ – образлагаше Кузмановски за својот предлог.

Според јавно достапните информации, пријавувањето од страна на граѓаните било во вредност од 500 до 2.500 денари.  Граѓаните сметаат дека одлуката на владата мора да биде оспорена, а не послушно и без  понатамошен коментар прифатена.

„Тука ние како локални политичари или советници во Битола мора да заземеме еден став без разлика за која влада станува збор, да застанеме цврсто зад интересите на градот.“  Да се донее една одлука од страна на владата за 5% обештетување на жителите  на град Битола е срамна бидејќи целата штета на сите станбени единици кои побараа обештетувањебеше само 600 илјади евра. А за едно подигнување на државнито авион се трошат и по 300 илјади евра и тоа е тотално неодговорно – зборуваше Кузмановски на говорницата, продолжувајќи „ Должност моја е да споменам дека и минатата влада која имаше можност од цела година кога се направи увидот и проценката на штети од страна на Општина Битола имаше можност да донесе некаква одлука за обештетување, таа не донесе и затоа можеби е во опозициските рееови сега. Но, треба да сме ревносни политичари, да сме доследни на нашите граѓани кои не гласаа.“ – рече советниот Димитар Кузмановски.

Неговиот предлог  не се најде на дневниот ред на последната седница.

14 советници гласаа „за“, а 17 гласаа „против„ ваквиот предлог.