ТЕРА

REKLAMA???

Шпански и кинески воз ќе возат на релација Битола-Прилеп додека се гради автопатот

Во пробна фаза се подготовките за стартување на планираниот меѓуградски воз меѓу Битола и Прилеп. Во моментов се прават проверки кои треба да го осигураат безбедното движење на оваа релација и осигурувањето на стандардите во железничкиот сообраќај.
На релација Битола Прилеп ќе возат два возови, едниот познат како Шпанскиот воз, а другиот е кинески.
Според претходните најави со кои беше посочено дека најдоцна од јуни оваа возна линија ќе стартува на релација Битола и Прилеп, возот би собраќал до индустриската зона „Жабени“. Целта е да се овозможи полесно сообраќајно поврзување на двата пелагониски градови чија комуникација е отежната поради изградбата на автопатот Прилеп-Битола.
Во моментов, додека трае изградбата на автопатот, се користи стариот пат Прилеп – Битола, којшто е со помал капацитет. Поради ова движењето трае подолго.
Со оглед на ваквите околности меѓуградскиот воз се планира да се пушти на релација Прилеп-Битола-Жабени, а билетот би чинел 150 денари.
Новата железничка линија има за цел да ја олесни комуникацијата меѓу двата соседни града, особено во услови на отежнат патен сообраќај.