ТЕРА

REKLAMA???

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ТРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА И ПРИЛЕП – ВОЗЕЛЕ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

На 23.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Филип 2 Македонски” во Битола го лишија од слобода С.В.(40) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „рено” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 23.04.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул„Дабнички завој” во Прилеп го лишија од слобода О.Д.(18) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „шаран” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Д., и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 22.04.2026 во 13:00 часот во СВР Битола, В.С.(53) од Битола пријави дека на ул.„Прилепска ” во Битола поради недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 22.04.2026 во 15:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска” во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „форд ” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(54) од Битола. Во пожарот повредени лица нема, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 22.04.2026 во 18:10 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишен малолетник од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.