ТЕРА

REKLAMA???

„Враќањето на зимата“ – вообичаено за месеците март и април

Следните денови Македонија ја очекува постуден бран, со температури и до -5.  Според синоптичарите од Управата за хидрометереолошки работи, нема ништо невообичаено. Месеците март и април се карактеризираат со нестабилно време.

Сите кои во викендот што измина ја пречекаа пролетта и топлото време – предвреме, да ги пронајдат своите зимски парчиња облека затоа што до крајот на неделата ќе има студено време. Синоптичарката  Ленче Ризова од Управата за хидрометереолошки работи објаснува зошто денеска замрзнавме.

Утринава во мерната станица во Тополчани измерила минимална температура од – 6 степени целзиусови,  во градот – нула степени. Температури што многумина го толкуваат како враќање на зимата.

И во следните денови температурите ќе се намалуваат до и под нула степени Целзиусови. Дневните температури пак ќе ги стигнуваат пролетните амплитуди. Минималните температури се предвидени да достигнат и до – 5 , а максималните дневни пак и до 16 степени.

 

Слушнете го објаснувањето на синоптичарката Ленче Ризова од УХМР.