Неодамнешните дождови само ја потенцираа состојбата со подземниот паркинг во комплексот згради „Пелагонка“ (1), а силното сонце од денеска пак, смрдеата којашто се шири од влезот во паркингот од предната страна на зградата. ТЕРА ТВ по барање на граѓани, денеска го регистрираше тоа.

Во непосредна близина на станбени и деловните објекти од комплексот згради Пелагонка (1), зад густи грмушки и диво зеленило, со години пропаѓаат подземните гаражи. Снимките и фотките што денеска ги направи екипата на ТЕРА покажуваат алармантна соссотојба. Зад бујна вегетација, што го прави тешко видлив за минувуашите на улицата со светло име „Беласица“ се наоѓа скриен темен и поплавен простор исполнет со застоена вода и отпад.
Сликата дополнително ја влошуваат распаднатите ѕидови, напукнатиот малтер, трагите од долготрајна влага и графитите кои сведочат за целосно отсуство на одржување. Делови од конструкцијата веќе покажуваат знаци на сериозно оштетување, додека нискиот таван и влажната средина создаваат услови за понатамошно пропаѓање. Гараживе, од објективни причини , не се користат. Но затоа пак се користи надземниот паркинг-простор. Само метална делумно оштетена ограда е заштита од овој простор, зафатена на распаднат бертонски потпорен ѕид. Оттука, реална е опасноста луѓе кои првпат минуваат таму опасно да се доближат до просторот, особено децва кои не ја познаваат локацијата. А деца во комплексот има. Деловниот простор на предниот дел којшто се наоѓа на улицата Прилепска има образовни институции, продавници за храна и бела техника, салон за ибавина и ресторани. Целиот влез укажува на долгогодишна негрижа. Што од станарите или станбениот сервис кој е ангажиран за комплексот што од општината. Овде комунален инспектор не поминал. А градежниот шут, остатоците од руинирани конструкции и душеци од се доволна причина да се направи посета, записник, опомена, казна и така се по ред.

Некој архитект проектирал бетонски скали кои од предниот дел на комплексот водат до подземниот простор. Денес се затворени со метални врати кои успешно го кријат поплавениот простор. Но не успеваат да го сокријат сметот на бетонските скали – најлончиња, шишиња, конзерви и друга амбалажа се наоѓа на скалите кои исто така сведочат за години невнимание и запуштеност.

Застојаната вода од едната страна и насобраниот отпад од другарта претставуваат потенцијално легло на инсекти, глодари и зарази. Во летните месеци ваквите места можат да станат сериозен јавно-здравствен проблем, особено кога се наоѓаат во густо населени урбани средини.
Денеска останува отворено прашањето кој е надлежен за одржување на овој објект и подземниот простор со влез од фреквентна улица и , зошто со години е оставен да пропаѓа.












