ТЕРА

REKLAMA???

Жестока дискусија во Битолскиот Совет за Ценовник на „Нискоградба“

Жестока дискусија се водеше меѓу советниците од власта и опозицијата на вчерашната седница на Советот за точката на дневен ред – Решение за давање согласност на ценовник за  изведување на градежни работи за канализациони објекти на Јавното претпријатие „Нискоградба“ за потребите на Општина Битола.

Советниците на опозициската СДСМ го критикуваа ваквото давање на согласност за Нискоградба.

„Јас се прашувам што всушност работи Нискоградба во нашиот град? Директорот на Комисијата за финансии ни објасни дека Нискоградба ќе ги зголеми цените и ќе има двоен Ценовник, а тоа зголемување на цени е за некакви проекти што треба да ги реализира за унгарскиот кредит, да може Нискоградба да добие пари од унгарскиот кредит. Ние немаме доверба дека тие пари ќе одат во унгарскиот кредит , со оглед на тоа што повторно најголем предизвик на ова јавно претпријатие е да ги плати платите на вработените. Така да неможам да разберам за што Нискоградба сега ќе ги зголеми цените? – рече од говорницата Софија Ристевска Петрушева, советник на СДСМ.

Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски рече дека нема да има никакво зголемување на цените на Нискоградба и дека јавниот интерес на оваа локална самоуправа ќе биде пред се, беше дециден тој.

„Претходно слушнавме од колешката како безобразно и дрско ги лажи граѓаните дека ќе се зголемат цените на јавното претпријатие „Нискоградба“. Ако целта е на колешката јавните услуги, односно изведувањето на канализационите мрежи да ги изведуваат приватни компании а цело време тука на Совет се зборува дека се она што можат да го работат јавните претпријатија треба да го работат. Не се зголемуваат цените, тоа уште еднаш го кажувам. Се прави услогласување на основните проекти коишто имаат одобрение за финансирање, позиции коишто ги нема јавното претпријатие Нискоградба, се носи овој Ценовник за да можат истите да се реализираат согласно член 24 од Законот за јавни набавки“-возврати претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.

Ценовникот на Нискоградба беше усвоен со 19 гласа „за“, а шест советници гласаа против.