ТЕРА

REKLAMA???

Зимска, БитФест, Илинденски денови се звучна опсада за жителите околу Офицерски

Група жители од улицата „Широк сокак“ , „Македонска фаланга“, „Раде Илиев“, „Вардар“ и „Партизанска“ се жалат на бучавата на која се изложени на секоја од манифестациите кои вклучуваат музика или било каков перформанс. Испратиле барање до СВР Битола, до градоначалникот, директорот на КИЦ и месната заедница Коле Канински. И две години подоцна, состојбата е идентична, а одговорот од СВР го сметаат за лажно претставување дека институциите нешто презеле.

Додека општината пресметува колку пари од даночните обврзници се потрошија на Зимска приказна, во редакцијата на ТЕРА приситигна реакција на граѓани кои зборуваат за една од негативните страни на новогодишната прослава. Бучавата.

Офицерски кој во последно време стана единствениот објект за настани и манифестации што ги плаќа Општината или познат или непознат правен субјект избран на конкурс како реализатори. Манифестациите со кои градот се фали се терор за жителите на околните куќи и станбени згради, кои во просторот се одвоени од Офицерски 5-7 метри.  Велат во зима со „зимска приказна„ и во лето со Битфест или Илиденски денови се под звучна опсада – ниту ноќе може да спијат, ниту дење може да одморат.

„Офицерскиот дом не е ниту стадион ни спортска арена и неможе да се дозвболи организирање настани кои значително го нарушуваат јавниот ред и мир.“ „Дали ќе не обештетат од средствата што ги исплаќаат за „Зимска приказна“ заради бучавата? „Дали сме должни затоа што затоа што живееме од 19 век во строго градско подрачје да трпиме да ги задоволат страстите на малолетници со музика како од хорор филмовите, точење на топла ракија, вино, шмркање.“

Ова се реакциите на граѓаните од улиците Широк Сокак, Раде Илиев, Македонска Фаланга, партизанска и од „зградите на фрижидери“.

Разочарани од фактот дека состојбата е иднетична, раскажуваат дека во 2023 година летото до Општина, СВР Битола, директорот на КИЦ и Офицерски и до месната заедница испратиле барање дас е променат работите – или настаните да не се одвиваат таму или да се контролира бучавата.

Институциите реагирале, но, жалосно е што нема промена – велат, Општината, колку да се каже дека нешто се презема, испратила инспекција, измерила бучава и упатила „опомена“.

„Барем да казнеа некој“ – велат.  Наместо тоа од СВР добиле информација дека Владимир Димовски, диригент на настанот што се случувал во денот на пријавувањето, бил опоменет од полицијата. „Кој е Владимир Димовски да биде опоменет за настани за кои се фали општината!?“ зачудено размислуваат жителите од овој дел на градот. „Тој сигурно не е засегнат“ велат.  Разговорите со директорот на КИЦ завршиле со ветување дека ќе се внимава.

Но и по три години се чувствуваат како институциите, општината како сервис на граѓаните целосно да ги игнорира овие луѓе кои и во лето со „Битфест“ и во зима со „Зимска приказна“, не може да спијат, живеат во тоа што правото го нарекува „нарушен јавен ред и мир.“

Медицината, општа и онаа медицина на трудот вели дека бучавата смета на здравјето – пензионерите жители на регионот не може да спијат, вработените одат исцрпени на работа , а младинците – не се концентрирани на часовите.

Се обратија во ТЕРА затоа што сакаат другите жители на градот да знаат дека од општината „ама баш ништо не е преземено“.

Од Општината и надлежните побарале настаните кои се организираат во офицерски да бидат соодветни на објектот и неговата првична културно-историска намена 2. да се почитуваат стандардите на дозволено ниво на бучава при организирање на концерти и други јавни настани 3. да се преземат соодветни мерки за контрола на бучавата и да се осигура дека објектот нема да биде користен како концертен простор за гласни забави кои траат до доцна во ноќта.

Предлагаат :„ да се преземат мерки за контрола на бучавата при монтирање на бините од челична конструкција што трае и по пет часа, бучавата која се појавува при чистење на полските вецеа со цистерни, бучавата што се случува од доставата на пијалоци токму за ваквите големи настани, заштита од светлечки рефлектори кои се користат за доловување ефекти и, повикувајќи се на одредба од владата на рм бараат чести контроли и заштита од употребата на пиротехнички средства.“

Инаку државава има законска регулатива што ја регулира областа. Законот за заштита од бучава во животната средина дефинира дека „ноќта трае од 23.00 до 7.00ч“ и во овој период граничните вредности на бучавата се најстроги. Во станбените зони бучавата во текот на ноќта не смее да надминува 45-50 децибели, што е еквивалент на тивок разговор. Надлежноста е лоцирана со Законот за локална самоуправа – општините се одговорни.

Но, од 2023 година досега Општината не го менува местото на одвивање на најголемите настани за кои плаќа со парите на граѓаните.  Жителите од овој дел на градот предлагаат  фудбалскиот стадион да биде место на сите настани, секако велат „и тој е изграден од нашите пари.“