Со животните во битолската золошка градина најмногу се радуваат децата, велат битолчани. Бараат современи содржини и подобрувања.

„Го носиме внучињата во золошка и многу се среќни таму. Трчаат, играат, особено кај мајмуните. Треба уште да се подобри и не треба да му даваат друга храна посетителите.“-вели една битолчанка.

„Мислам дека секогаш може подобро. Да не навлегуваме во детали тие што се одговори за тоа знаат повеќе од нас. За состојбата на золошката, секогаш може подобро. Прво е осиромашена, второ не е грижлив човекот околу тоа. Не вработените туку ние сите сме дел од оваа заедница.“-вели друга битолчанка.

„Золошката е поубава од секогаш, обновена направена. Пред 20, 30, 50 години беше поруинирана како што ја познаваме.“-вели еден битолчанец.
Речиси и да нема битолчанец чии спомени не се поврзани со золошката градина во Битола.
„Имам големи внучиња, порано ги носев во золошка“-вели еден битолчанец.

„Золошката ја паметам од порано, кога беше поуредена, имаше повеќе животни, имаше повеќе посетители не само од Битола, туку и од околните општини и градови. За жал сега тоа не е случај. Животни има малку видови и раси. Често шетам натаму и не сум задоволен.“-вели друг битолчанец.
Прошетката по Тумбе кафе е редовна практика за многумина битолчани. Токму затоа бараат уредување на оваа област.

„Тумбе кафе не е средено. Сакаме да го средат, да одиме таму. Инаку золошката е добра, средена.“-вели друг битолчанец.
Инаку, деновиве беше најавена модернизација на золошката со нов терариум и објект за копитари.












