ТЕРА

REKLAMA???

ГОРАН ДАМЕВСКИ-АДВОКАТОТ ШТО СЕ ЗАНИМАВА СО ЕКСТРЕМНО ПЛАНИНАРЕЊЕ

Горан Дамески е адвокат од Битола кој активно се занимава со екстремно планинарење – искачува планини и освојува врвови кои се над 5.000 метри надморска висина. До пред две недели беше во Непал.

Снимивме разговор со него во ТЕРА. Најпрвин ни рече дека се чувствува како да бил во рај.

Горан изгледа решителен да ги посети сите планински врвови, најпрвин во Непал. Тоа што го влечи кон планините е мирот кој го наоѓа таму, и одговорот на многу животни прашања со кои се соочил и соочува секојдневно. Сопствено тихување во склад со звуците, боите и мирисите на планината којашто ја искачува. Вели планинсиките врвови не се освојуваат – тие се искачуваат.

Ако првото искачување на планина било на Баба планина и врвот Пелистер , на Пелистерски очи и за тоа му требале 5 часа и 20 минути, сега му се потребни само час и 20тина минути.

Прославата на 10 годишниот јубилеј во занимавање со екстремно планинарење ќе ја заокружи со листа на многу искачени планини и врвови.

Секоја искачена планина, освоен врв подразбира дека се подготвува за некој следен предизвик кој го наметнуваат планинарите кои претходеле. Така Горан во континуитет ги искачува планините на Балканот, секој викенд. Искачувањето на врови кадешто мора да се користи опрема – техничките врвови, бараат вонреден напор, потребно е да се поседува добра физичка подготвеност на телото и на умот.  Горан вели не по секоја цена, ниту кга врвот е на 500 метри пред вас.

Планинарењето не е едноставен спорт. А Горан пак не е спортист. Тој е адвокат.Планинарењето вели, учи на трпеливост, сеопфатност и во делот на правото, на крај е и учење за разбирање на луѓето кои ги сретнува и во адвокатурата и на своите планинарски подвизи.

Семејството му дава голема поддршка, знаат дека по последниот врв ќе има уште еден, па уште еден …

Тера:  Дали по напорниот изоден пат, на врвот на планината се има чувството на победа, смиреност, понизност, нова перспектива ?

Горан вели „На самиот врв настануваат сплет на чувства. Плачи човек, се смее , се радува , се тоа во едно. Кога ќе стигнеш на самиот врв чувствуваш некое олеснување. Не дека си го постигнал врвот туку дека си се надминал себеси. Природата неможе никогаш „да се победи“. Врвот не се освојува, се искачува затоа што тоа Бог ти го дозволил.“

Горан Дамевски, битолчанецот  кој ги спојува адвокатурата со екстремното планинарење по средбата во ТЕРА продолжи со подготовките за следното свое искачување на нова планина и нов врв.

За тоа, вели, Здравје, Боже!  ќе зборуваме в година во ова време.

 

 

Погледнете го целиот разговор со Горан на официјалната YouTube  страница на ТЕРА, во прилогот овде.