Според податоците од Општинската изборна комисија во Општина Битола до 15:00 часот на гласање за претседателските избори излегле над 42 проценти, а на парламентарните избори исто така до 15:00 часот над 43 проценти.
Претседателот на Општинската изборна Комисија-Битола, Игор Талевски за Тера вели дека до овој момент без проблеми тече гласањето на 170-те избирачки места во Општина Битола.