ТЕРА

REKLAMA???

НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА

Неколку лица се повредени во судар на патнички и товарен воз во Белград, потврди за Радио Слободна Европа компанијата Инфраструктура на железници на Србија.

Српското Министерство за внатрешни изјави за РСЕ дека несреќата се случила нешто пред 19 часот во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост.

„Најдобрата вест е дека нема жртви“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Министер за транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека нема повреди опасни по живот, а дека четворица од повредените се задржани во белградскиот Ургентен центар, додека деветмина од полесно повредените по прегледите се пуштени дома.

„Според првите информации, композицијата „Беовоз“ поминала низ безбедносното светло и дошло до несреќа. Но, треба да се почекаат резултатите од истрагата кои и официјално ќе ги покажат причините за судирот“, изјави Весиќ.