ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ НИКАВИ ПРОМЕНИ НА ПОДОБРО

На вечерашниот митинг на СДСМ во Битола, кандидатот за пратеник Методија Илиевски рече дека покажале дека кога се сака се може, дека и невозможното е возможно кога се работи искрено и чесно, кога се работи во интерес на граѓаните и за доброто на сите.

„Пред се, ги издржавме сите притисоци, ја извадивме на виделина неспособноста на ДПМНЕ во Битола и неработењето на градоначалникот и директорите на јавните претпријатија. Затоа, гласот за ДПМНЕ или било која друга партија, не е казна за СДСМ, туку награда за нив, за тие што две и пол години со прст не мрднаа за градот, а потрошија над 90 милиони евра!!! Сега, пред избори, фатија да прават проекти за кои гласаа против во Советот или истите се оставени од претходно! Потенцирам дека тие немаат започнато до сега ниту еден капитален проект. Тие немаа ниту визија, ниту сакаат, ниту знаат како до просперитет и прогрес ! Нивната матрица е иста од времето на Груевски и Мијалков. Затоа, треба сите да бидеме свесни дека ДПМНЕ не може да обезбеди никакви промени на подобро! Тоа што се случува во јавните претпријатија во Битола е погубно за истите. Бидејки тие за само година дена ги однесоа сите јавни претпријатија во негатива, а ги презедоа во позитива. Ги потрошија нашите пари, а не реализаа ништо. Битола не се промени“ рече Илиевски.

Затоа рече тој, ве уверувам дека доколу дозволиме ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт ќе ја заглават Македонија, како што ја заглавија Битола!

„Само кога СДСМ е на власт, имаме силно и стабилно општество, силна и стабилна држава! Со реални проекти ја стабилизиравме македонската економија, го подобривме македонското земјоделство преку исплата на сите заостанати субвенсии од претходно и зголемување на истите па се до рекордна реализација на ИПАРД програмите и воведување на нови трендови во земјоделството како што се зелената нафта, 30 % предвремена исплата на редовните субвенции и одпочнување на консолидации на земјоделското земјиште и други проекти со кои овозможивме подобри услови во земјоделството. Со дирекна финансиска поддршка од владата ги одблокиравме училиштата и овозможивме наставно-научниот процес да се одвива непречено. Скоро при крај се и градежните активности на детската градинка, тоа е нешто што не се случило во Битола од времето на Тито“ рече тој.

Илиевски вели дека преку зголемување на минималната плата и порастот на платите и пензиите стигнавме до подобар стандард на граѓаните.

„Патриотите и верниците од ДПМНЕ сакам да ги потсетам дека СДСМ го реши деценискиот проблем со името и дека СДСМ го реши спорот со црквата. Ете така се сака својата земја. Членството во НАТО и трасирање на патот кон ЕУ денес се реалност. ННие го направивме тоа, јас и мојата генерација сме горди и со гордост ќе го пренесуваме тоа на идните генерации. Почитувани мои другари и другарки, сега е вистинскиот момент да ја покажеме вистинската сила на СДСМ. Затоа, тврдам дека силен СДСМ значи силна Македонија! Јас своето образование го завршив во Битола, тука пораснав, тука е роден мојот син, тука почиваат моите предци. Јас го сакам ова град, јас ја сакам мојата татаковина, јас ја сакам Македонија. Поголемиот дел од вас ме знаат, јас сум вистински социалдемократ, јас сум борец, упорен и секогаш одам до крај. Така ќе биди и ова пат заедно со сите вас. Затоа, в среда, на 8 мај, Ве повикувам сите вас, ги повикувам сите наши членови, приврзаници и симпатизери да бидат одговорни кон својата татковина и иднината на своите деца“ истакна кандидатот за пратеник Методија Илиевски.

Тој ги повика граѓаните в среда гласот да го дадат за Стево Пендаровски и за листата на СДСМ и Коалицијата.