Утрово 3 степени во Маврови Анови, Лазарополе, 4 Крушево, 6 Охрид, Претор, 7 Тетово, Битола, Прилеп, 8 Крива Паланка, Берово, 9 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, 10 Штип, Велес, 11 Демир Капија, Струмица, 12 Гевгелија.
Најмногу дожд 38 л/м2 наврнаа на Попова Шапка, 30 Тетово, Пожаране, 23 Маврови Анови, 22 Претор, Берово, Струмица, Лазарополе, 18 Крива Паланка, 12 Виница, Крушево, 11 Прилеп, 7 Битола, Велес, Тополчани, Пожар-Радовиш, 6 Штип, Кавадарци, 4 Скопје–Петровец, 1 Демир Капија.
Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Во Битола до 10 степени.




















