ТЕРА

REKLAMA???

АМБАСАДОРОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО ПОСЕТА НА РЕК БИТОЛА

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ денес го посети Рударско – енергетскиот комбинат Битола.

Како што соопштија од ЕСМ, на средбата со менаџментот на комбинатот се разговараше за повторно воспоставување на контактите помеѓу термоцентралите во Македонија и во Босна и Херцеговина и размена на искуства во справувањето со предизвиците што претстојат, пред се, во областа на заштитата на животната средина.

Босна и Херцеговина е една од ретките земји во регионот која произведува струја и за извоз, но енергетската криза што ја зафати Европа покажа колку е важна соработката на државите и компаниите во надминување на проблемите.

Амбасадорот Јаќимовиќ ги пренесе пораките од колегите во енергетскиот сектор на Босна и Херцеговина за динамизирање на соработката и во процесот на транзиција кон производство на електрична енергија од обновливи извори.