ТЕРА

REKLAMA???

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА КАЈ НОВИОТ ТРГОВСКИ КОМПЛЕКС

Од Општина Битола денеска информираат дека продолжуваат со комплетирање на инфраструктурните услови кои се од посебна важност за економскиот напредок на градот, граѓаните на општината, но и за привлекување на нови инвестиции и посетители.

Реализацијата на проектот “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие – Општина Битола”,  влегува во финална фаза со денешното асфалтирање на улицата кај новиот маркет „Лидл” и трговскиот комплекс „Блис”.

Вкупната инвестиција на општината за реализација на овој проект изнесува 18.897.776,00 денари, а активностите се очекува да бидат комплетно завршени оваа недела, зависно од временските услови, стои во соопштението од општината.

Фото: Општина Битола