ТЕРА

REKLAMA???

НАМЕСТО КУЌИ СО ИСТОРИЈА – ОБРАСНАТО МЕСТО ЗА ХОРОР ФИЛМОВИ

ГРАДОТ КАКО ДА ГО ОСТАВА ДА ПРОПАЃА УШТЕ ЕДНИ ЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ ОД БИТОЛСКАТА ИСТОРИЈА. АРГИРИЦА И КУКАТА НА СЕМЕЈСТВОТО МАЧКИЧ. ОД КУЌИ СО ИСТОРИЈА, СТИГНАА ДО КУЌИ ОБРАСНАТИ ВО ТРЕВА.

Битолската стара и измешана ориентална и западна архитектура е таа што му ја дава ексклузивноста на градот. По тоа тој е посебен пет века наназад.

Арно ама во 21 век, по сите национализации и денационализации, има куќи кои изгледаат како сцена за снимање на хорор филмови.

Влезот на улица Кичевска ( Кичево ) е познат по два историски интересни важни објекти – пекарницата Аргирица и куќата на Мачкич. Едната – симбол фурна од којашто се ширел мирисот на испечен леб, другата, архитектонски бисер изградена во 1934 година, според проект на чешкиот архитект Јан дубови со фасада со скулпторска пластика поврзана со Иван Мештролвич.

Сопственикот на Аргирица – Аргиро имал гром кола- Бјуик од 1953 година. Можеби затоа сега таму под лазачот на Скопската пиварница ужива едно југо.

Петар Мачкич пак во битолската историја е запишан со големи букви во учителствувањето, културата, музеологијата и археологијата. ICOMOS, Меѓународнио совет за споменици и локалитети ја оценува куќата како вреден пример на модерната архитектура.

Снимката се илјада зборови, но еве уште неколку: просторот е обрасната со висока вегетација, објектите се оставени без соодветно одржување, долж улицата и новиот асфалт поставен по интервенција на жителите повторно има различни нивоа, а на две места до пред неколку месеци имаше метални стапчиња наменети за знаци, убаво алуминиумски – сега ги нема.

Ова е време на одмори, па, оттука до свесност доаѓа културно-туристичкиот модел историја – архитектура-семејна приказна – културно наследство- туристичко искуство.

Засега само велешани и прилепчани кои често во последно време паркираат во улицата Кичево пред да прошетаат во градска Битола сведочат дека, па дека нивните градови се поуредени.