Искрено се радувам што и оваа година за Бадник ја продолжуваме традицијата со „Бадниковите поворки“ под мотото „Почуствувај радост“ и со учество на голем број на дечиња од нашиот град, кои што симболично денес го најавуваат раѓањето на Исус Христос, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на денешниот настан во Прилеп.

„Ги слушаме и пееме традиционалните и препознатливи песни и во духот на христијанството го одбележуваме празникот.

Сакам да истакнам уште еднаш дека јас и Локалната самоуправа секогаш ќе даваме свој придонес и поддршка за сите вакви традиционални настани и одбележувања затоа што мораме да си ја чуваме нашата вековна христијанска традиција бидејќи тоа е она по кое што сме препознатливи како Македонци и православни христијани.

Ви се заблагодарувам на сите кои што учествувавте во организацијата, навистина беспрекорна организација и на сите дечиња и учесници ви ги честитам претстојните божиќни празници, да ви е среќна новата година и да сте здрави, живи и успешни“ рече Јовчески.

















