ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА 2,5, А ДИЗЕЛОТ ЗА 2 ДЕНАРИ

Малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,90%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,814 ден/кг. 

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 40,814 (денари/килограм)